Во рамките на проектот беа организирани 3 настани за чинители, во месец октомври, 2020 во Прилеп, Битола и Охрид.  Целта на настаните беше да се обезбеди информирање на локалните чинители за можностите кои ги обезбедува проектот со цел подобрување на целокупната економска состојба во областа, користејќи го ИКТ потенцијалот и високо квалификуваната работна сила, обезбедувајќи поттик за вработувањето и намалување на одливот на мозоци, како трајно иновативно решение, формирајќи модел што ќе биде привлечен за сите вклучени страни и ќе се овозможи одржливост и по завршувањето на проектот.

На настаните зедоа учество 32 клучни чинители, локалните претставници на Занаетчиската комора, Бизнис Конфедерација на Македонија, Стопанската комора, претставници на локалната самоуправа,  како и локални млади претприемачи, кои придонесуваат за економскиот развој на регионот и кои работат во насока на поддршка и развој на претприемништвото.  По презентацијата на планираните активности на проектот и можностите од вклучување на чинителите во истиот, од страна на учесниците беа споделени нивните гледишта, предизвици и добри практики за поддршка на претприемништвото. При тоа беа споделени следните предизвици со кои се соочуваат, а кои влијаат на развојот на претприемништвото:

  • Потребна е координација и навремено планирање на мерките за поддршка на претприемништвото (од страна на владата)
  • Да се земат во предвид потребите на локалните претприемачи при креирањето на мерките за поддршка на претприемништвото
  • Потребни се субвенции за претприемништво со цел адаптација кон реформите на „дуалното стручно образование“
  • Потребно е опремување на средните стручни училишта со машини и алат, соодветен на стручното образование, за генерирање на оспособен стручен кадар
  • Потребна е координација на програмите на средното стручно образование со локалните претприемачи
  • Потребно е кампања за мотивација на младите за изучување на стари занаети и нивно профилирање во полето на занаетчиството
  • Потребни се субвенции за набавка на машини и алат за занаетчиските претприемачи
  • Неопходна е поддршка на руралните претприемачи со цел поддршка на нивниот раст и развој
  • Потребна е посилна координација помеѓу високо образовните институции и локалните претприемачи

Овие настани беа од клучно значење за координирање и отпочнување комуникација меѓу различни институции и организации, со цел унапредување на условите за развој на претприемништвото во прекуграничниот регион.