Во рамките на проектот „Интелигентен пограничен акцелератор за иновативни ИКТ старт-апи (иПГА)“ во периодот од 22-24 Јули беше многу успешно организиран настанот Охрид Bootcamp.
На овој тродневен настан присуствуваа повеќе од 70 учесници, 24 одлични стартапи и тимови кои беа одбрани да ги презентираат своите бизнис идеи, извонредни предавања и одлични услови и можности за остварување контакти. Членовите на жирито одбраа 13 бизнис идеи и тимови кои како финалисти ќе патуваат на финалниот настан во Солун во месец септември.
Како почесни гости на овој настан присуствуваа Израелската делегација за иновации предводени од амбасадорот Дан Оријан и Мајкл Мизрахи, кои ги споделија најдобрите израелски практики во акцелераторските програми и стартап екосистемот.
На овој настан исто така присуствуваа и претставници од секој од проектните партнери Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Фондација за Претприемачки сервис за млади и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), Alexander Innovation Zone S.A., SEERC, Technopolis Thessaloniki ICT BusinessPark.
Им благодариме на сите учесници, им честитаме на победниците и им посакуваме многу среќа на престојниот финален настан во Солун.
Релевантни материјали
Членови на жирито на Охрид Bootcamp