Настанот ќе се одржи онлајн, во среда, 9 декември 2020 година, со почеток во 10:00 часот, во рамките на проектот „Интелигентен прекуграничен акцелератор за иновативни ИКТ стартапи“, кој е дел од INTERREG IPA CBC PROGRAM Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година. Прекуграничната област има значителен капитал на знаење, но ограничена можност за привлекување инвестиции. Проектот iCBA тежнее да придонесе за подобрувања во оваа област, создавајќи паметен акцелератор за почетни компании што ја покрива целата прекугранична област. Акциите за забрзување вклучуваат обуки и персонализирана поддршка од некои од врвните експерти во областа. Првиот циклус на акцелераторот ќе доведе до развој на 15-20 елаборирани идеи за инвестиции, кои ќе бидат презентирани пред инвеститорите и можат да доведат до нови бизниси и нови работни места.
Со цел да создадеме прекугранична заедница од сите релевантни стартапи, ве покануваме да учествувате во првиот настан за презентација на проектот iCBA со изјава од 3 минутна изјава за вклученоста на вашата организација во стартапи, какви услуги се нудат во вашата област, каква е моменталната состојба и какви се очекувањата од создавањето на прекуграничен акцелератор за стартапи.
Јазик на настанот: англиски
Релевантни материјали
Форма за регситрација
Агенда