По онлајн работилниците за обука кои беа одржани од страна на повеќе професионалци од сферата на бизнисот во месец април, беа одбрани 28 учесници со најквалитетни бизнис идеи. Овие претприемачи сега се дел од фазата на менторство, каде што секој од нив ќе соработува со еден од нашите исклучителни ментори.
Во временски период од два месеци, менторите соработуваа со претприемачите со цел да им помогнат при креирањето на нивниот бизнис план и бизнис канвас модел, како и нивната презентација за Bootcamp-от во Охрид. Сите ментори кои учествуваа во оваа програма доаѓаа од различни индустрии и претприемачите имаа шанса да одберат област во која имаа потреба од помош од страна на менторите.
Како дел од бизнис акцелераторот, овие селектирани претприемачи ќе учествуваат во натпреварот за бизнис идеја во Охрид, каде што ќе имаат можност да ја презентираат својата бизнис идеја пред потенцијални инвестори. Ова искуство ќе им помогне на нивните бизниси повеќе да се изложат на пазарот, да соберат повеќе средства, пристап до нови клиенти и купувачи итн. Финалистите од овој натпревар ќе имаат можност да учествуваат во финалето во Солун, каде победниците ги очекуваат вредни награди кои дополнително ќе им помогнат и ќе ги поддржат нивните бизнис идеи.
Некои од најиновативните идеи во рамките на вој проект се: крафт микро пивара, интерактивна 3D платформа за недвижнини, онлајн платформа за внатрешно уредување, онлајн платформа која ги поврзува студентите и невранотените со компании, виртуелни посети на објекти, мобилна апликација за еко достава на пратки, македонски рачни изработки, производство на пчелин отров итн.
Оваа програма за менторство е од клучно значење за овој проект поради потенцијалот да има долгорочно влијание на бизнисите. Како што нашомена основачот на Esnaf, Изабела Соколовска: „Програмата за менторство е оној дел што ми недостигаше за да го донесам мојот бизнис на следното ниво. Пресреќна сум што Валентина и јас го развиваме мојот постоечки бизнис модел во многу подобар и нејзиното искуство е непроценливо. Огромно благодарам до PrimePoint за овој проект и за нивното застапување за нашит развој и промоција. Ви благодарам за можноста да го еазвијам и подигнам Esnaf.“
Прочитајте ги и другите изави за влијанието и импактот на порграмата за менторство:
„Секогаш има нешто ново да се научи. Секогаш има простор нешто да се подобри. Моето искуство со програмата за менторство уште еднаш го потврди ова. Не само што добив можност да ја претставам мојата бизнис идеја за која добив менторство, туку стекнав и знаење коешто можам да го применам на мојот постоечки бизнис. Ви благодарам за оваа можност.“ – Сашо Спиркоски
„Тоа што имам ментор многу ни значи, ни помогна многу при дефинирањето на нашите цели и стратегија како да ги исполниме и многу сме благодарни што сме дел од оваа програма за менторство.“ – Димитар Митревски
„Младите треба да се решението – не дел од проблемот. Оваа програма за менторство ќе ни помогне да го постигнеме тоа.“ – Кристина Тодоровска
„Имаме одличен ментор, кој секогаш ни помага кога ни е потребно и целосно не разбира. Таа успешно не водеше низ овој процес и секој наш состанок беше многу продуктивен. Многу сме благодарни што е тука за нас во секое време и за помошта која несебично секој пат ни ја пружа.“ – Маја Арнаудова