Во рамките на проектот „Интелигентен пограничен акцелератор за иновативни ИКТ старт-апи (иПГА)“, финансиран од Европската Унија, проектните партнери Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Фондација за Претприемачки сервис за млади и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), беа организирани три мотивациски настани, преку онлајн платформата ZOOM, за учесници од Охрид, Битола и Прилеп. Целта на настаните е да се поттикнат младите луѓе од пограничниот регион да влезат во светот на претприемништвото, преку доближување на светот на бизнисот преку гостите говорници. Воедно, учесниците имаа можност  да се запознаат со планираните активности на проектот, како можат тие да земат учество и да ги споделат своите гледишта, предизвици и добри практики за поддршка на претприемништвото.

На 18ти декември, беше одржан мотивацискиот настан за учесници од Битола. Вкупно беа присутни 62  млади лица и претприемачи, како и клучни чинители за економскиот развој на регионот, кој работат во насока на поддршка и развој на претприемништвото во регионот. Како мотивациски говорник присуствуваше г‐динот Петар Ниновски, основач на стартап компанијата Brainster, како еден од поуспешните млади претприемачки во овој регион. Во овој дел тој го изложи своето претприемачко искуство, патот на креирање сопствен бизнис и што значи да имаш сопствен бизнис. детално се дискутираше околу патот до постигнување на успех на новонастаната компанија како од аспект на подготвителни активности, финансии и понатамошен развој.

Во вториот дел од настанот, следеше интерактивен дел, односно сесија за прашања и одговори директно до претприемачот и членовите од проектниот тим од страна на учесниците. Настанот беше завршен со резимирање на содржината која беше дискутирана и главните заклучоци кои беа донесени, при што беа нагласени идните активности како дел од овој проект како и технички аспекти како да се следат истите.

Погледнете го овој трет мотивациски настан за учесници од Битола и околината подолу: