Во рамките на проектот „Интелигентен пограничен акцелератор за иновативни ИКТ старт-апи (иПГА)“, финансиран од Европската Унија, проектните партнери Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Фондација за Претприемачки сервис за млади и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), беа организирани три мотивациски настани, преку онлајн платформата ZOOM, за учесници од Охрид, Битола и Прилеп. Целта на настаните е да се поттикнат младите луѓе од пограничниот регион да влезат во светот на претприемништвото, преку доближување на светот на бизнисот преку гостите говорници. Воедно, учесниците имаа можност да се запознаат со планираните активности на проектот, како можат тие да земат учество и да ги споделат своите гледишта, предизвици и добри практики за поддршка на претприемништвото.
На 17ти декември, беше организиран мотивацискиот настан за 65 учесници од Охридскиот регион. Мотивациски говорник беше г-динот Бошко Нелоски, основач на компанијата Заум органик, како еден од најуспешните млади претприемачки во овој регион. Тој го престави своето искуство во одгледување лешници и производство на продукти од лешници, кој привлече голем број инвестиции со воведување иновации во неговото работење.
Во вториот дел од настанот, следеше интерактивен дел, односно сесија за прашања и одговори директно до претприемачот и членовите од проектниот тим од страна на учесниците. Настанот беше завршен со резимирање на содржината која беше дискутирана и главните заклучоци кои беа донесени, при што беа нагласени идните активности како дел од овој проект како и технички аспекти како да се следат истите.
Погледнете го овој втор мотивациски настан за учесници од Охрид и околината подолу: