Во рамките на проектот „Интелигентен пограничен акцелератор за иновативни ИКТ старт-апи (иПГА)“, во месец април 2021 беа организирани два сета на работилници за обука во Северна Македонија.

Првиот сет на работилници се одржаа на 13, 15 и 16 Април во Прилеп, Битола и Охрид, додека пак вториот сет на работилници се одржаа на 27, 28 и 29 Април. Вкупно 130 учесници беа регистрирани дека учествуаа на двата сета работилници и беа пријавени 60 бизнис идеи. Мнозинството од учесниците доаѓаа од прекуграничниот предел.

Работилниците за обука беа водени од поазнати предавачи и ментори од различни средини од деловниот и академскиот сектор. Во првиот сет, проф, Ташко Ризов и Драган Шутевски од Северна Македонија и проф. Anastasios Ntabizas од Грција зборуваа за идеација, бизнис канвас модел, тестирање на бизнис модел итн. Во вториот сет, фокусот беше ставен на заштита на нови стартап идеи: претприемачка стратегија на стартапи, идентификација на пазарот за стартапи, финансирање, финансиска и инвестициска спремност, маркетинг на нови технологии. Со сето ова на учесниците им беше овозможено да научат многу од експертите и да стекнат знаења за нови стратегии и пристапи кои ќе можат понатаму да ги искористат во нивните бизниси.

Фидбекот од учесниците беше неверојатен, каде што сите беа задоволни од работилниците и целокупната организација и дополнително споделија колкку вредно им е ова искуство за создавањето и понатамошниот развој на нивните бизниси. Возбудливо беше да се види ентузијазмот од сите вклучени во работилниците со што јасно можеше да се увиди потенцијалот во Северна Македонија и прекуграничниот регион во целина.

Како дел од бизнис акцелераторот, учесниците имаат можност да учествуваат на натпревар за бизнис идеи во Охрид, од кои финалистите понатаму ќе бидат дел од финалниот настан во Солун и ќе бидат во игра да освојат вредни награди. Со цел за зајакнување на претприемништвото во прекуграничниот регион меѓу Северна Македонија и Грција, овој акцелератор сигурно ќе поттикне промени и еконимски раст преку инспирација за бизнисите да направат и да бидат повеќе. Им посакуваме многу сраеќа на сите учесници и со нетрпение очекуваме успешно реализирање на нивните бизнис идеи!

Релевантни материјали

Агенда за работилниците