Во рамките на проектот „Интелигентен пограничен акцелератор за иновативни ИКТ старт-апи (иПГА)“, финансиран од Европската Унија, проектните партнери Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Фондација за Претприемачки сервис за млади и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), беа организирани три мотивациски настани, преку онлајн платформата ZOOM, за учесници од Охрид, Битола и Прилеп. Целта на настаните е да се поттикнат младите луѓе од пограничниот регион да влезат во светот на претприемништвото, преку доближување на светот на бизнисот преку гостите говорници. Воедно, учесниците имаа можност  да се запознаат со планираните активности на проектот, како можат тие да земат учество и да ги споделат своите гледишта, предизвици и добри практики за поддршка на претприемништвото.

На 4ти декември, беше организиран настанот за учесници од Прилеп и околината, на кој беа присутни 58 млади лица. Покрај презентацијата за подетално информирање на учесниците за можностите кои ги нуди проектот, своето искуство го изложи г-динот Миле Чупетрески, основач на повеќе компании и претставник на Бизнис Конфедерација на Македонија во регионот Прилеп. Тој  говореше за неговиот пат кон успехот, што значи да се биде претприемач, како и предизвиците и успесите кои може да ги очекуваат при започнување сопствен бизнис.

Во вториот дел од настанот, следеше интерактивен дел, односно сесија за прашања и одговори директно до претприемачот и членовите од проектниот тим од страна на учесниците. Настанот беше завршен со резимирање на содржината која беше дискутирана и главните заклучоци кои беа донесени, при што беа нагласени идните активности како дел од овој проект како и технички аспекти како да се следат истите.

Погледнете го овој прв мотивациски настан за учесници од Прилеп и околината подолу: