Програмата за прекугранична соработка INTERREG IPA „Грција – Северна Македонија 2014-2020“ нуди многу можности за соработка, добрососедски односи и социо-економски развој за обете држави. Прекуграничната област ужива придобивки од огромното, разновидно и претежно неискористено природно опкружување, но исто така се соочува со многу социо-економски предизвици. Оваа област, каде што се наоѓаат Солун, Кукуш, Воден, Лерин, Пела и Вардар, Пелагонија, Југоисток и Југозапад, е сцена за заеднички активности на нашите држави.

Заедничката програма ги овластува јавните власти, приватните непрофитни организации и други институции, како и граѓаните да работат заедно на заедничките предизвици и проблеми, во потрага по соодветни решенија што можат полесно да се постигнат кога работиме заедно.