Опис

 

Позадина

Прекуграничната област Грција-Северна Македонија има значителен капитал на знаење, но ограничена можност за привлекување инвестиции делумно поради следниве причини: (а) потешкотија на сопствениците на бизнис идеи да им обезбедат на инвеститорите потребните информации за нивниот потенцијален производ. (б) ограничен капацитет на локалните институции за поддршка во обезбедување на најсовремени информации за создавање на старт-ап компании , (в) двете земји обезбедуваат ограничен пристап до финансии за старт-ап компании и имаат релативно слаби релации помеѓу академскиот, истражувачкиот и бизнис секторот, во моделот тројна спирала.

Предлог проект

Проектот иПГА има за цел да даде придонес за подобрувања на тоа поле со поставување интелигентен прекуграничен акцелератор за старт-ап компании, со посебен фокус кон ИКТ компании. Потенцијалните научници и претприемачи вклучени во акцелераторскио процес, ќе поминат низ етапен процес на обука и менторство, почнувајќи со општи обуки за развој на деловни активности овозможени од ИКТ, продолжувајќи со наменски вебинари, спроведени од некои од врвните експерти во областа. Процесот ќе резултира во 15-20 идеи со висок потенцијал ,подготвени за инвестиции, кои ќе им бидат презентирани на голем број инвеститори, а може да доведат до креирање нови бизниси и нови работни места.

Цели

 

Главната цел на проектот iCBA е да обезбеди обука за претприемачи и менторство, со главна цел да им помогне на луѓето од прекуграничната област да создадат свои старт-ап компании, преку стручни лаборатории и вебинари, што може да им овозможи да започнат сопствен бизнис или полесно да најдат вработување во постојните бизниси.

Целна група

 

Главната целна група се амбициозни претприемачи со приоритет во следните сектори: туризам, угостителство, земјоделие и ИКТ, кои се многу ветувачки во двете земји и се соодветни за остварување прекугранична соработка помеѓу бизнисите, а дополнително властите, стеикхолдерите и инвеститорите од целата прекугранична област ќе бидат вклучени. Претприемачите, стеикхолдерите, инвеститорите, како и пошироката јавност во целата прекугранична област ќе има бенефит, бидејќи новите иновативни старт-апи може да помогнат во подобрување на економијата во таа област

Резултати на проектот

 

  1. Промотивни материјали вклучувајќи веб-водич: „Како да креирате претпријатие “
  1. Веб платформа за комуникација и соработка на работните тимови во рамките на акцелераторот
  1. Извештај за секторска студија на ИКТ-секторите во прекуграничната област со цел да се идентификуваат најкорисните начини за создавање нови Старт-ап компании, корисна референца за развој на ПГ политиката
  1. Анализа на потребите за обука што ги идентификува потребите за обука и целите на младата популација на претприемачи во областа
  1. Збир од 11 тријазични специјализирани тренинг курсеви кои опфаќаат прашања од развој на бизнис концепт до привлекување на инвеститори, вклучително и снимени веб-работилници за идна референца
  1. Обука за 180 лица во 7-те најголеми прекугранични градови за креирање на стартап бизнис на теми од развој на идеја до финансиски и пазарни аспекти на бизнисот
  1. 50 развиени и обработени бизнис концепти за стартап компании базирани на ИКТ во прекуграничната област
  1. 30 аналитички инвестициски планови креирани во соработка помеѓу сопственици на бизнис идејата и зрели стартап компании или експерти од областа
  1. 15-20 презентации за привлекување финансии на брокерски настан со учество на ризични капиталисти и меѓународни инвеститори